Дома Останати Сензационална казна: Русија исфрлена од ОИ и Светското првенство 2022!

Сензационална казна: Русија исфрлена од ОИ и Светското првенство 2022!

Светската антидопинг агенција (WADA) денес изрече драконска казна за Русија и и забрани учество на сите спортски меѓународни случувања во наредните четири години.

Тоа значи дека Русија нема да учествува на Олимписките игри следната година во Токио, како и зимските игри во Пекинг 2022, но и Светското првенство 2022 година во Катар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлуката беше донесена на состанокот на Извршниот одбор на WADA во Лозана. Не само што на руските спортисти ќе им бидат забранети големите натпреварувања, туку и на службениците на Сојузот ќе им биде забрането присуство на тие случувања.

Руските спортисти кои ќе можат на WADA да и докажат дека се чисти и дека не се дел од системот кој ги допингувал спортистите спонзориран од државата, и понатаму ќе можат да се натпреваруваар, но под неутрално знаме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Традицијата вели: Анчелоти никогаш не губи од Баерн

Вечерва Карло Анчелти ќе го води Реал Мадрид против Баерн Минхен на гости во полуфиналето …