Дома Фудбал Англија Семејството „Сити“ се шири и кон Индија

Семејството „Сити“ се шири и кон Индија

Феран Соријано, извршниот директор во Манчестер Сити, ја обиколи Индија за да пронајде клуб кој ќе биде дел од семејството Сити Фудбал Груп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


СФГ бара нов клуб во Кина за да прошири своето портофолио, а се верува дека ќе постои и еден клуб во Индија.

Соријано беше присутен на натпреварот помеѓу екипите на Џамшедпур и Мумбај Сити.

Некогашниот менаџер на Манчестер Сити, Стив Копел е предводник на Џамшедпур, тој заедно со сопствениците на клубот го спроведе Соријано низ просториите на клубот и стадионот.

Манчестер Сити во Англија, Њујорк во САД, Мелбурн во Австралија, Јокохама Маринос во Јапонија, Атлетико Торки во Уругвај се моментално дел од семејното стебло на СФГ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…