Дома Македонски спорт Селекторот на Косово се жали: Како Рахмани не можеше, а Пандев дојде?

Селекторот на Косово се жали: Како Рахмани не можеше, а Пандев дојде?

Косовскиот селектор Бернард Шаланде на прес-конференција пред денешниот натпревар се пожали како е можно Горан Пандев од Џенова да дојде на овој натпревар, а нивниот капитен Рахмани да нема можност да допатува.

Рахмани беше заглавен во Наполи поради позитивните случаи, тој потенцираше дека се направиле обиди да го доведат, но не биле успешни. За разлика од него за наша среќа Пандев успеа да биде дојде тука и да и помогне на репрезентацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не можам да сфатам ова што се случуваше. Ние на секаков начин се обидовме да го доведеме Амир, но не ни дозволија. Коминициравме со УЕФА, Италија, Наполи…Но тој не дојде. Сега сакам објасниување како нашиот капитен не можеше да дојде, а капитенот на Македонија успеа да дојде иако во неговиот клуб имаше уште поголем проблем со заразени од коронавирус“, изјави Шаланде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…