Дома Останати „Сезоната за Ѓоковиќ е готова“

„Сезоната за Ѓоковиќ е готова“

Легендарниот американски тенисер, Џон Мекенро смета дека Новак Ѓоковиќ нема да го гледаме на терените до крајот на сезоната.

Српскиот тенисер поради повреда на раменото мораше да го предаде мечот против Вавринка на УС Опен,а се уште не е јасно колку време ќе му треба за рехабилитација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѓоковиќ се надева дека ќе може да учествува на турнирот во Токио на крајот на месецот, но Мекенро смета дека паузата ќе биде подолга.

„Мислам дека нема да го гледаме Новак Ѓоковиќ до крајот на сезоната“, изјави Мекенро.

Во овој момент е неизвесно колку време ќе трае паузата за Ѓоковиќ, а медиумите се надеваат дека ќе може да се врати до завршниот турнир во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…