Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски по мечот на Гибралтар: Ова беше највозбудливот натпревар во мојата кариера

Седлоски по мечот на Гибралтар: Ова беше највозбудливот натпревар во мојата кариера

Тимот на Шкупи вчера беше поразен со 2:0 на гостувањето против во Гибралтар против Линколн, но благодарение на победата од 3:0 во Скопје чаирчани се пласираа во следното квалификациско коло.

Тренерот Гоце Седлоски по мечот истакна дека ова бил највозбудливиот натпревар во неговата кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во целата моја кариера како фудбалер или тренер ова беше највозбудливиот натпревар за мене, иако имавме голема предност знаев дека ќе биде тешко со оглед на некои работи се случија. Ги поздравувам моите фудбалери кои покажаа карактер и храброст на теренот.

Головите кои ги примивме дојдоа по наши грешки. Како и да е среќен сум што продолжуваме понатаму и ќе работиме напорно за остварување на целите“, изјави Седлоски после натпреварот.

Во следното коло Шкупи го чека тежок двомеч против хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …