По повод ситуацијата во Каталонија се јави тенисерот број еден во светот, Рафаел Надал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рафаел Надал истакна дека е навистина тажен поради политичката ситуација во Шпанија и референдумот во Каталонија, тој ги повика двете страни преку мирен пат да пронајдат заедничко решение.
Шпанецот пред настапот во Пекинг истакна дека не разбира како дошло до таа поделба во неговата земја.
„Ми се плаче кога ќе видам што се случува, заедно бевме пример за целиот свет. Вчера на светот му испративме многу лоша слика за Шпанија. Изненаден сум и разочаран. Таквите работи не се решаваат со насилство, двете страни мораат да седнат и да пронајдат решение преку договор. Народот беше изманимулиран од поединци, а тоа предизвика хаос кој не смееше да се случи“, изјави Надал.