Дома Фудбал Останато „Се шокирав кога видов дека играчите на Реал до 17 години носат торбици од по 500 евра“

„Се шокирав кога видов дека играчите на Реал до 17 години носат торбици од по 500 евра“

Дефанзивецот на Фрајбург, Филип Линхарт четири години помина во Реал Мадрид, односно во јуниорскиот тим, па во втората екипа Касилја, а одигра и еден меч за сениорскиот состав.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Мадрид пристигна во 2014 година од Рапид Виена и важеше за голем талент, а во интервју за медиумите го раскажа своето искуство во шпанскиот тим.

„Се шокирав кога видов играчи до 17 години на Реал како одат наоколу со торби од 500 евра. Мислам дека тоа не е добро кога младите фудбалери заработуваат многу пари, зашто често посветуваат внимание на лоши работи и на тој многу таленти пропаѓаат“, вели 25-годишниот фудбалер.

Од Реал се пресели во Фрајбург и досега настапи на 80 меча за германската екипа, а притоа покажа дека е еден од најдобрите во Бундеслигата.

„Фрајбург е повеќе како семејство и тоа го прави посебен. Во Реал е сѐ поразлично“, објасни дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тер Штеген замина, но сè уште е голем проблем за Барса

Марко Андре Тер Штеген замина на нова позајмица, откако неуспешната во Жирона, сега замина…