Дома Фудбал Лига на шампиони Се уште неизвесна состојбата на Салах: Молк на „Енфилд“ по ненадејната повреда (ФОТО)

Се уште неизвесна состојбата на Салах: Молк на „Енфилд“ по ненадејната повреда (ФОТО)

Фудбалерите на Ливерпул славеа против Манчестер Сити со 3:0 во рамки на првиот четвртфинален меч во ЛШ.

„Црвените“ одиграа фантастично прво полувреме и успеаа да постигнат дури 3 погодци. Мрежата на Едесрон прво ја затресе Салах во 12. минута, а водството на „Црвените“ го зголеми Чембрлејн. Третиот погодок за домашниот тим го постигна Мане по асистенција на Салах.

Сепак, на почетокот на второто полувреме и покрај водството на Ливерпул од 3:0 во 53. минута од мечот завладеа молк на трибините на „Енфилд“ кога Салах побара лекарска помош. Египќанецот се пожали на болка во препоните, а за жал мораше и да го напушти теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи не смее да го врзе целиот план во средниот ред само за Мектоминај

Преговорите за нов договор со Скот Мектоминај отворија важно прашање за Наполи: дали клубо…