Милан во средата го доживеа првиот пораз во новата сезона во Серија А, „росонерите“ изгубија од Јувентус со 3:1.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Така во Италија повеќе нема непоразени екипи, но и покрај поразот од „старата дама“ Милан остана лидер во Серија А затоа што градскиот ривал Интер остана без бодови на гости кај Сампдорија.
Во последно време Милан има големи проблеми со составот. Се уште ги нема Ибрахимовиќ, Бенасер, Тонали беше суспендиран за дуелот со Јувентус, Салемакерс е повреден, сега на таа листа се додаде и Чалханоглу.
Турчинот е еден од најдобрите во Милан сезонава, Серија А го избра и за играч на месецот за декември. Против Торино Милан не ќе може да смета и на Ребиќ и Круниќ кој беа позитивни пред дуелот со Јувентус и се уште се во изолација.