Дома Останати Тенис Се редат наградите за Ѓоковиќ: Французите му дадоа големо признание!

Се редат наградите за Ѓоковиќ: Французите му дадоа големо признание!

Престижниот француски весник „Л’Екип“ го избра Новак Ѓоковиќ за најдобар светски спортист во 2023 година.

Ѓоковиќ зад себе има година за паметење во која ја надмина границата од 400 недели на врвот на АТП листата, а исто така играше и четири финалиња на грен-слем турнирите, три од нив и освои (Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваквите успеси беа доволни „Л’Eкип“ да го избере за најдобар спортист во светот пред пливачот Леон Марчанд кој заврши како второпласиран и Макс Верстапен на кого му припадна третата позиција.

Во топ 10 се најдоа уште атлетичарот Ноа Лајлс, рагбистот Сија Колиси, скијачот Марко Одермат, биатлонецот Јоханес Бо, велосипедистите Тадеј Погачар и Матеј Ван дер Поел, како и напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Револуција во фудбалот: ВАР ќе се користи како во тенисот!

На Конгресот на ФИФА беа откриени новите случувања за иднината на фудбалот. Најголемата пр…