Дома Фудбал Се огласи Модриќ: За неколку дена ќе бидам здрав!

Се огласи Модриќ: За неколку дена ќе бидам здрав!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е најголем губитник од вчерашниот натпревар помеѓу Велс и Хрватска во Кардиф.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот стратег многу лесно за наредниот натпревар би можел да остане без двајца свои важни фудбалери кои вчера беа на спротивните страни.

Натпреварот со повреди го завршија Герет Бејл и Лука Модриќ, што му создаде главоболки на Зидан, но и на фановите на Реал Мадрид.

Сепак, брзо стигна олеснување за „кралевите“, откако Модриќ се огласи и потврди дека неговата повреда не е сериозна.

„Добив силен удар во мускулот. Има хематом, малку боли, но сметам дека за неколку дена ќе бидам здрав“, изјави Модриќ.

Во сабота вечер Реал и гостува на Мајорка во рамките на Примера, а Модриќ ќе биде под знак прашалник за тој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разоткриена вистинската причина за солзите на Меси на СП

ЛИОНЕЛ МЕСИ ја водеше Аргентина до победа на Светското првенство, постигнувајќи хет-трик н…