Дома Фудбал Италија Се огласи и Монтела: Тешко е да се напушти Милан, но вината е моја!

Се огласи и Монтела: Тешко е да се напушти Милан, но вината е моја!

Винченцо Монтела денес и официјално беше сменет од кормилото на Милан после серијата на лоши резултати.

Милан во летниот преоден рок вложи 230 милиони евра во засилувања, но резултатите се под сите очекувања, па „Авиончето“ беше приземјено пред половина од сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монтела јавно се огласи преку Инстаграм после отказот и призна дека вината е негова, го прифака отказот, но тешко му е да го напушти Милан.

„Да се напушти Милан ми паѓа многу тешко. Се обидов да дадам се за овој клуб, но ја прифаќам донесената одлука. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и играчите за убавите моменти кои ги поминавме заедно и се надевам дека Милан наскоро ќе биде на врвот, таму каде што припаѓа. Евидентно дека ве разочарав, но ќе продолжам да навивам за овие бои“, истакна Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…