Дома Фудбал Се огласи Дембеле: Не заминувам, тука ќе останам уште долго

Се огласи Дембеле: Не заминувам, тука ќе останам уште долго

Осман Дембеле минатото лето пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд и се очекуваше да биде големо засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, офанзивниот фудбалер на самиот старт на својата авантура во Каталонија заработи тешка повреда, а по враќањето на терените полека започна да прикажува се подобри настапи.

Во шпанските медиуми неодамна се појавија информации дека Дембеле не е задоволен на „Ноу Камп“ и дека би можел веќе ова лето да го напушти клубот.

Самиот фудбалер сега ги демантираше ваквите гласини.

„Не заминувам на крајот на оваа сезона тоа е сигурно. Потпиша договор на пет години, тука ќе останам долго време. Мило ми е поради силната конкуренција и трансферот на Кутињо. Со добри играчи околу себе можете да станете подобри“, изјави Дембеле.

Барселона за Дембеле на „милионерите“ им плати сума од 105 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го собори клупскиот рекорд: Мурињо добива засилување за 140 милиони евра!

Реал Мадрид продолжува со амбициозниот проект за создавање на тимот на иднината, а денеска…