Дома Фудбал Италија СЕ ОГЛАСИ БОАТЕНГ: Одам во Барселона, тоа што сум го кажал останува во минатото!

СЕ ОГЛАСИ БОАТЕНГ: Одам во Барселона, тоа што сум го кажал останува во минатото!

Денес спортската јавност беше изненадена од веста за трансферот на Кевин Принс Боатенг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега повеќе нема никакви дилеми дека Боатенг ќе го облече дресот на Барселона, бидејќи се огласи самиот фудбалер.

Во медиумите после веста за неговиот можен трансфер во Барселона се појави и неговата изјава од пред две години во која зборува дека попрво би играл за Реал Мадрид отколку за Барселона.

Вечерва со изјава за италијански „Скај Спорт“ дефинитивно ги поништи неговите зборови од минатото.

„Одам во Барселона. Тажен сум што го напуштам Сасуоло, но ваква шанса не смеев да пропуштам. За Реал Мадрид не ме прашувајте, тоа што сум го кажал е минато. Сакам да се сконцентрирам само на Барселоан и да постигнам погодок во следното „Ел Класико“ кое ќе се игра на Бернабеу“, изјави Боатенг.

Очекувањата се фудбалерот утре да ги помине медицинските прегледи во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луиз Дијаз ја доби топката додека беше на земја, па изведе магија и го посрамоти противникот (Видео)

Во пријателскиот дуел одржан синоќа, Колумбија извојува победа против Костарика со 3:1, пр…