Арда Туран минатата година се степа со популарниот пејач Беркај Шахин, а потоа турскиот суд го осуди на три години условна затворска казна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Туран неодамна ја раскина соработката со Башакешир, каде беше на двегодишна позајмица, па верувале или не, Турчинот моментално е играч на Барселона.
Туран е под договор со Барселона до 30-ти јуни оваа година, па иако никој на Камп Ноу не размислува да го врати, сепак тој бара да добие шанса.
„Јас сум моментално играч на Барселона каде и понатаму имам договор, па би сакал да добијам шанса“, истана Туран.
„Јас би сакал да останам во Барселона, но следната сезона најверојатно ќе играм за некој турски клуб“, додаде Туран.