Дома Фудбал Лига на шампиони Се е спремно за спектакл: Познати составите на Барселона и Ливерпул

Се е спремно за спектакл: Познати составите на Барселона и Ливерпул

Фудбалерите на Барселона и Ливерпул вечерва го играат првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ.

Веќе две недели со нетрпение се очекува натпреварот помеѓу овие две екипи, кои важат за фаворити оваа сезона во ЛШ. Сепак, ждребот одлучи да се сретнат во полуфиналето, а првиот натпревар се игра на Камп Ноу.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Стадионот на Барселона полека се полни. До почетокот на натпреварот остана нешто помалку од еден час, а Ернесто Валверде и Јирген Клоп ги објавија почетните состави. Во составот на Барса нема изненадувања, додека голем хендикеп за гостите е што Роберто Фирмино поради проблем со повреда нема да го започне натпреварот.

Барселона: Тер Штеген, Роберто, Пике, Ленглет, Алба, Видал, Бускетс, Ракитиќ, Кутињо, Меси, Суарез.

Ливерпул: Алисон, Гомез, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Милнер, Вајналдум, Кеита, Мане, Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…