Се е договорено – Рафаел Леао ќе потпише нов договор со Милан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најдобриот фудбалер на „росонерите“ ќе остане во тимот на Стефано Пиоли до 2028 година, а сега само се чека вистинскиот момент за соработката да се официјализира.
Португалскиот офанзивец според новиот договор ќе заработува дури седум милиони евра годишно, за разлика од сегашните 1.5 милион евра.
Клубот од „Сан Сиро“ одредил и откупна клазула за продажба на 23-годишниот Португалец и таа изнесува 170 милиони евра. Клазулата би можела да порасне за пет милиони евра со одредени услови.
Претходно, Милан имаше обврска да го пушти Леао за 150 милиони евра.