Англија вчера беше поразена од Италија и со тоа испадна во понизок ранг во Лигата на Нации. Селекторот на Англија, Герет Саудгејт по овој натпревар даде малку чудна изјава.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Саудгејт ова е добар чекор напред пред Светското првенство во Катар.




„Тешко е да се биде премногу критичен после натпреварот во кој имавме повеќе посед и повеќе удари во рамки од голот. Лично мислам дека ова е чекор во добар правец, но ја разбирам реакцијата поради конечниот резултат“, изјави Саудгејт.




Смета дека проблем е ефикасноста.
„Навистина не можам да објаснам зошто не постигнуваме голови. Влегуваме во добри прилики, но имаме проблем со завршниот пас“, изјави Саудгејт.




Нема сомневање дека испаѓањето во Б дивизијата е големо разочарување за навивачите.