Дома Фудбал Саркози ќе биде претседател на ПСЖ!?

Саркози ќе биде претседател на ПСЖ!?

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози би можел да стане прв човек на ПСЖ, пренесуваат француските медиуми.

Сопственикот на клубот, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, бара промена во раководството, бидејќи не е задоволен од моменталната состојба на тимот.

Наводно сопствениците на „светците“ му понудиле на Никола Саркози да го замени Насер Ал Келаифи како претседател на клубот.

Но според пишувањата на добро упатениот „Ле Паризиен“, ваквите стории се далеку од реалноста и мали се шансите Никола Саркози да седне во претседателската фотелја на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни жестоко удри по Манчестер Јунајтед: „Многу од овие играчи не се доволно добри“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, жестоко го критикуваше составот на клубот, дов…