Како што е добро познато Маурицио Сари ќе биде новиот тренер на Јувентус, а тој денес пристигна во Торино.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Маурицио Сари во Торино пристигнува како наследник на Масимилијано Алегри кој после сезоната во која немаше упсех во Лигата на шампионите беше отпушен.
Сари пак во Торино доаѓа после една солидна сезона со Челзи во која ја освои Лигата на Европа и заврши како третопласиран во англиската Премиер лига.
Maurizio #Sarri è arrivato a Torino! #WelcomeSarri pic.twitter.com/SSMmWKR0VK
— JuventusFC (@juventusfc) June 19, 2019
Во Торино очекуваат Сари со својот напаѓачки стил на игра да придонесе за освежување, дали ќе оправда очекувањата ќе видиме во сезоната која следи.
Претставувањето на Сари е закажано за утре.



