Дома Фудбал Англија Сандерленд: За 12 месеци од Премиер лига од Лига 1 – отказ за тренерот и нов сопственик

Сандерленд: За 12 месеци од Премиер лига од Лига 1 – отказ за тренерот и нов сопственик

Управата на англискиот клуб Сандерленд го отпушти тренерот Крис Колман поради лошите резултати, откако клубот испадна во третата лига.

После одлуката за отпуштање на тренерот, американскиот бизнисмен Елис Шорт објави дека се согласил да го продаде Сандерленд на групата која ја предводи Стујуарт Доналд.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сандерленд втора година во низа испаѓа во понизок ранг, а пред само 12 месеци играше во Премиер лигата.

Колман е отпуштен бидејќи екипата ја предводеше до пет победи во 29 натпревари. Тој Сандерленд го превзема во ноември, кога го замени Сејмон Грејсон.

Шорт долго се обидуваше да го продаде Сандерленд, а во неделата објави дека го остава клубот финансиски силен и без долгови, прв пат од кога е тој сопственик. Сандерленд наредната година ќе се натпреварува во третата англиска лига – Лига 1, прв пат после 30 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…