Дома Фудбал Италија Сампдорија потврди: Уште четворица фудбалери позитивни на коронавирус!

Сампдорија потврди: Уште четворица фудбалери позитивни на коронавирус!

Вчера официјално беше потврдено дека Маноло Габиадини е позитивен на коронавирус, а денес Сампдорија потврди пет нови случаи.

Секојдневно се зголемува бројот на нови случаи на коронавирус во Серија А, а Сампдорија дефинитивно е клубот кој најмногу е погоден во моментов.

После Габиадини, клубот потврди дека позитивни на коронавирус се уште Албин Екдал, Омар Коли, Антонио ла Гумина, Мортен Торсби како и докторот Амедео Балдари.

Останатите фудбалери и вработени во клубот се во карантин, со надеж дека нема да се зголемува бројот на заразени во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Серија А се враќа по долгата пауза: Што нè очекува?

По долгата репрезентативна пауза, Серија А се враќа со возбудливи натпревари и нови приказ…