Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ и Кан во Париз по засилување за Баерн

Салихамиџиќ и Кан во Париз по засилување за Баерн

Челниците на Баерн, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан преговараат со ПСЖ за можен трансфер на германскиот фудбалер Тило Керер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесува Л’Екип, Баерн е сериозно заинтересиран за услугите на 24-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе во Минхен до крајот на преодниот рок.

Салихамиџиќ и Кан минатиот петок имаа состанок со менаџерот на германскиот фудбалер. Состанокот беше позитивен, а играчот искажа спремност да дојде во Минхен.

Баерн за услугите на овој фудбалер ќе понуди 12 милиони евра и тоа би требало да биде цифра која ќе ги задоволи Парижаните.

Керер професионалната кариера ја започна во Шалке. Член е на ПСЖ од 2018. година, а беше донесен за 37 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Јунајтед купува две замени за Касемиро и ќе плати над 116 милиони фунти

Манчестер Јунајтед е на чекор до потпишување на своето прво засилување во летото. Само еде…