Дома Фудбал Англија Салах тргна еуфорично да го слави голот, а тогаш забележа што му покажува навивач од трибините

Салах тргна еуфорично да го слави голот, а тогаш забележа што му покажува навивач од трибините

Фудбалерите на Ливерпул вчера не успеаа вчера да ја освојат титулата шампион на Англија.

Во последното коло од Премиер лигата гледавме вистински спектакл затоа што шампионот се решаваше во последните минути од сезоната. Во најдобра ситуација пред ова коло беше Манчестер Сити на кој му требаше победа против Астон Вила и сам одлучуваше. Но, работите за „граѓаните“ не одеа најдобро затоа што губеа на свој терен со 0:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со таква ситуација и победа на Ливерпул тие беа шампиони. Меѓутоа и Ливерпул се мачеше со Вулверхемптон, дури во 84. минута успеаа да дојдат до 2:1 кога Салах постигна гол. Само неколку минути претходно Сити направи спектакуларен пресврт и дојде до 3:2, а тоа Салах одчигледно не го знаеше кога го постигна голот.

Египќанецот еуфорично го славеше голот и трчаше кон навивачите, таквата еуфорија траеше се до моментот кога забележа дека еден од навивачите му покажува дека Сити води со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…