Дома Фудбал Англија Салах: Нема да го гледам натпреварот Челзи – Сити, ќе си играм со ќеркичката

Салах: Нема да го гледам натпреварот Челзи – Сити, ќе си играм со ќеркичката

Ливерпул вчера победи со 4:0 против Кристал Палас и така направи уште еден чекор кон трофејот во Премиер лигата на кој чека цели 30 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уште денес Ливерпул може и математички да стане шампион на Англија, потребно е само Манчестер Сити да не го победи Челзи.

По вчерашниот натпревар на Ливерпул зборуваше Мохамед Салах.

„Одлично се чувствувам. Кога дојдов во Ливерпул кажав дека сакам да ја освојам Премиер лигата и да донесам радост за овој град. Овој тим долги години чека на тој трофеј. Минатата година Манчестер Сити беше за малку пред нас, но сега дојде нашето време да бидеме шампиони“, изјави Салах.

Новинарите го запрашаа и дали ќе го гледа натпреварот помеѓу Челзи и Сити.

„Не, имам други планови ќе се играм со ќеркичката“, одговори ѕвездата на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид е подготвен да го сруши трансферниот рекорд за Олисе

Реал Мадрид е подготвен да понуди астрономска понуда на Баерн Минхен за ѕвездата на баварц…