Дома Фудбал Лига на шампиони Салах на Рома и возврати кратко и јасно: 100%

Салах на Рома и возврати кратко и јасно: 100%

Мохамед Салах за три недели ќе се врати на „Олимпико“.

Неговиот Ливерпул за противник на денешниот ждреб ја доби Рома и тоа значи дека Салах ќе игра против својот поранашен клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веднаш по ждребот преку официјалниот Твитер профил Рома му порача на Салах дека остануваат пријатели без разлика на тоа што ќе се случи во двомечот.

„Во овие 180 минути ќе бидеме ривали, но ќе останеме пријатели засекогаш без разлика што ќе се случи“, стои на профилот на Рома.

Салах возврати но со не премногу текст и ја остави веројатно на најкратката порака на својот профил: „100%“, напиша Салах.

Да потсетиме, првиот натпревар помеѓу Ливерпул и Рома се игра на 24 април, додека реваншот е закажан за 1 мај на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Само еден стадион е подготвен: Италија во трка со времето за организација на Европското првенство

Директорот на УЕФА за Европското првенство 2032 година Микеле Ува, е убеден дека Италија н…