Дома Фудбал Лига на шампиони Салах испиша историја: Го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на ЛШ

Салах испиша историја: Го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на ЛШ

Ливерпул вчера одигра одличен натпревар и на гости кај Ренџерс славеше со 1:7. Три гола за „црвените“ постигна Мохамед Салах кој се запиша во историјата како стрелец на најбрзиот хет-трик во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Салах во игра влезе во 68. минута и првиот гол го постигна во 76. минута, вториот во 80. и третиот една минута подоцна. Така за комплетирањето на хет-трикот му беа потребни шест минути и 12 секунди.

Рекордот претходно држеше Бафетимби Гомис кој постигна три гола против Динамо Загреб во 2011 година за осум минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Себаљос и Реал се договорија: играчот од средниот ред си заминува како слободен агент, бидејќи не е сакан од Мурињо

Дани Себаљос го напушта Реал Мадрид како слободен агент, откако се откажа од последната го…