Дома Фудбал Лига на шампиони Салах вчера испиша историја во Ливерпул

Салах вчера испиша историја во Ливерпул

Мохамед Салах вчера два пати ја погоди мрежата на Ливерпул против Атлетико Мадрид и така испиша нова историја.

Салах првиот гол го постигна во осмата минуита и така стана првиот играч на Ливерпул кој во 129 години долгата историја на клубот постигнал гол на девет натпревари во низа. Така Египќанецот ја потврди фантастичната форма со која влезе во оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Низата на Салах започна против Челзи, па продолжи во натпреварите со: Лидс, Кристал Палас, Брентфорд, Манчестер Сити, Вотфорд, Милан, Порто и сега против Атлетико.

После три кола во Лигата на шампионите Ливерпул има максимален учинок додека Атлетико и Порто се со по четири бода, Милан е последен без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…