Дома Останати Кошарка САД конечно победи по двата порази од Нигерија и Австралија 🎥

САД конечно победи по двата порази од Нигерија и Австралија 🎥

После двата изненадувачки порази во подготвителниот период од Нигерија и Австралија, Американците конечно славеа.

САД забележа триумг против Аргентина со 108:80. Како што покажува и резултатот главните фаворити за медал на претстојните Олимписки игри на овој натпревар изгледаа далеку подобро од претходните два.

Кевин Дурант и Бредли Бил беа најефикасни кај Американците со 17 поени. По двоцифрен број на поени постигнаа уште: Зак Лавин (15), Лилард (13) и Бам Адебајо (12). Ветеранот Луис Скола кој има 41 година беше најдобар во редовите на Аргентина со 16 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Почнува НБА: Јокиќ и Богдановиќ во фокусот, Србија со шестмина играчи и Рајаковиќ на клупата

Новиот НБА шампионат стартува со дуелот Детроит – Бостон, а во сезоната Србија ќе има шест…