Дома Фудбал Останато Руските репрезентативци Мамаев и Кокорин пуштени од затвор (видео)

Руските репрезентативци Мамаев и Кокорин пуштени од затвор (видео)

Александар Кокорин и Павел Мамаев утрово го напуштија затворот во Белгород, откако судот одлучи да ги пушти на условна казна.

Двајцата завршија зад решетки во октомври минатата година кога нападнаа службеник на министерството за трговија и претепаа возач во Москва. Во мај годинава, Александар Кокорин доби 18 месеци затвор, додека пак Павел Мамаев доби 17 месеци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судот во Белгорд на почетокот од овој месец одлучи да ги пушти на условна слобода, обвинителството не поднесе жалба, па пресудата за 10 дена стана правосилна и фудбалските ѕвезди денеска го напуштија затворот.

Руските медиуми пренесуваат дека Кокорин да се врати во тимот на Зенит и да потпише нов договор, а што се однесува до Мамев, тој чека раскин на договорот со Краснодар. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…