Дома Фудбал Русија останува без финалето од Лигата на шампиони

Русија останува без финалето од Лигата на шампиони

Годинешното финале во ЛШ е планирано да се игра во Санкт Петерсбург, но поради политичките настани големи се шансите да и се одземе организацијата на Русија.

Поради се поголемите тензии на релација Русија и Украина и поради се поголемите апели од западните земји до своите граѓани да не патуваат во овие држави, можно е да дојде до промена.

Официјалниот став на УЕФА е дека засега нема промена, но ситуацијата внимателно се следи. Една од опциите е финалето да се игра на „Вембли“.

УЕФА мораше да го смени организаторот на финалето на Лигата на шампионите во претходните две сезони, двапати од Турција во Португалија, поради пандемијата на коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…