Вејн Руни доби лош публицитет во англиската спортска јавност, откако „Сан“ објави срамни фотографии со напаѓачот во алкохолизирана состојба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Руни долго во ноќта бил на една венчавка која се случувала токму во хотелот во кој престојувале репрезентативците на Англија, а „Сан“ ексклузивно пренесе дека се опил и ги вознемирувал гостите.
Откако аферата изби во јавноста, Руни упати извинување кон ФА,селекторот и соиграчите.
„Руни навистина жали за фотографиите кои се појавија во јавноста и кои можеа да ги видат фановите. Иако стануваше збор за слободен ден, тој е свесен дека фотографиите се крајно несоодветни за некој кој има таква улога. Тој приватно разговараше со Саутгејт и Ашворт и искрено се извини. Исто така се извинува и на сите млади фанови кои ги видоа тие слики“, вели портпаролот на англискиот капитен.
„Скај Спорт“ тврди дека Жозе Мурињо е бесен на ФА поради тоа што дозволила играчите да се опуштат по победата.