Бившиот извршен директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге изјави дека ѕвездата на Борисија, Ерлинг Халанд ќе ја напушти Бундеслигата на крајот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според Румениге многу европски гиганти ќе се борат за потписот на Норвежанецот, но Баерн нема да биде меѓу нив.
„Мислам дека Халанд не може да си го дозволи ниту еден клуб од Бундес лигата, вклучително и Баерн. Тој не престанува да дава голови, а многу клубови веќе се борат за неговиот потпис. Очекувам вистинска „војна“ за неговиот потпис“, изјави Румениге.
21-годишниот Халанд игра фантастично во дресот на Борусија Дортмунд каде на 65 меча постигна 65 гола.