Дома Трансфер зона Ругани го напушта Јувентус, два клуба заинтересирани

Ругани го напушта Јувентус, два клуба заинтересирани

Дури и пред доаѓањето на Де Лихт, Ругани немаше преголема минутажа, но сега буквално нема после доаѓањето на Холанѓанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој сега ја грее клупата, а Де Лихт стана стандарден првотимец, иако имаше неколку грешки во својата игра.

За Ругани се зборуваше дека има голема перспектива да стане иднината во одбраната на Јувентус, но се чини дека од тоа нема ништо.

Тој уште во јануари се очекува да ја промени средината, но и лигата, а кариерата би можел да ја продолжи на Островот.

Имено, за неговите услуги се заинтересирани Арсенал и Манчестер Јунајтед, кои лошо ја започнаа оваа сезона, посебно кога во прашање е дефанзивната линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…