Дома Фудбал Англија Рохо ја ослободи „петката“, па се огласи Рио: Мурињо, спремен сум и чекам (фото)

Рохо ја ослободи „петката“, па се огласи Рио: Мурињо, спремен сум и чекам (фото)

Maнчестер Јунајтед вчера на „Олд Трафорд“ запиша победа против Лестер од 2:1 на отварањето на новата сезона во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ пред своите навивачи успеаа да ги освојат првите бодови во новата сезона.

Маркус Рохо успеа да го привлече вниманието на јавноста иако вчера не настапи. Аргентинецот одлучи во новата сезона да го носи дресот со број 16, па сега „петката“ остана без сопственик.

Веднаш потоа се огласи легендарниот Рио Фердинанд кој со години го носеше овој број во Јунајтед. Тој порача дека е спремен за враќа и дека само го чека повикот на Мурињо за да се врати од пензија.

Секако, се работеше за шега од страна на легендарниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реакција на хрватска навивачка стана хит: Сите можат да разберат што кажа (Видео)

Фудбалската репрезентација на Хрватска го заврши настапот на Светското првенство, откако и…