Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Јувентус сака на лето да го донесе Мохамед Салах во своите редови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите тврдат дека „старата дама“ на лето ќе се раздели со Кристиано Роналдо и сака да донесе нова ѕвезда во нападот.
Прва мета е Мохамед Салах, чија иднина во Ливерпул е неизвесна откако ги влоши односите со тренерот Клоп. Медиумите тврдат дека Египќанецот сигурно ќе побара трансфер доколку „црвените“ не изборат пласман во Лигата на шампиони.
Јувентус е спремен да се ослободи од Роналдо за да го донесе Салах во Торино. Египќанецот својата фудбалска афирмација ја доживеа во Серија А каде со успех го носеше дресот на Фиорентина и Рома.