Кристиано Роналдо е главен кандидат за „Златната топка“ оваа сезона откако стана европски шампион и со Реал Мадрид и со португалската репрезентација.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Токму предводниците на овие два тима Зинедин Зидан и Фернандо Сантош се најдоа во тесниот избор за најдобар тренер на годината, а ѕвездата на „кралскиот“ клуб јавно откри за кого ќе го даде својот глас.
„И Зидан и Сантош имаа феноменална година. Сепак, јас мислам дека многу е потешко да освоиш едно Европско првенство, отколку Лига на шампиони. Зидан исто така одработи одлична сезона, но нема да гласам за него во изборот за најдобар тренер на годината. Мојот глас ќе му го дадам на Сантош. Се надевам нема да се налути Зизу, верувам дека и тој исто ќе одбереше да беше на мое место“, изјави Роналдо.