Дома Фудбал Италија Роналдо: Луѓето се глупи и многу зборуваат

Роналдо: Луѓето се глупи и многу зборуваат

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, кој има лоши односи со навивачите на Атлетико Мадрид, направи потег со раката кон мадридските навивачи откако пропушти шанса да ја осигура победата на Јуве во завршницата од натпреварот во ЛШ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кристијано Роналдо не е задоволен од теориите на навивачите и новинарите за неговата гестикулација која веднаш беше окарактеризирана како срамна.

Во саботата Роналдо беше стрелец за Јуве од белата точка во победата над Верона, па зборуваше за деталите од натпреварот во Мадрид.

„Луѓето многу зборуваат. Тоа е се. Глупи се и многу зборуваат.“ – изјави Роналдо.

Јувентус се наоѓа на втората позиција на табелата во Серија А со десет освоени бода, зад Интер со максимални 12.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарниот голман кој лани ја заврши кариерата паднал во депресија: Не знам што да правам со животот…

Легендарниот голман на Марсеј и светскиот шампион со Франција во 2018 година, Стив Манданд…