Дома Фудбал Италија Роналдо загрижен, од Јувентус бара дополнително обезбедување

Роналдо загрижен, од Јувентус бара дополнително обезбедување

Кристијано Роналдо, еден од најпознатите спортисти на светот, секако има причина за загриженост за својата сигурност и сигурноста на семејството и имотот, па и поради фактот што поседува енормно богатство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа загриженост кај него поразна од доаѓањето во Торино. Корере ди Торино соопштува дека Роналдо е сега загрижен бидејќи неговата вила во Торино е премногу изложена.

Поради тоа, наводно Роналдо побарал од Јувентус да му обезбеди тројца телохранители. Еден за неговото семејство, еден за него и еден кој константно ќе ја обезбедува неговата вила.

Се претпоставува дека одлуката на локалните власти за неговиот деби натпревар во Серија А поритв Киево да ангажира антитерористичка единица го принуди Роналдо да размисли и во подигање на својата лична безбедност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…