Дома Фудбал Роналдо за Салах: Различни сме, тој е поситен!

Роналдо за Салах: Различни сме, тој е поситен!

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо беше замолен од медиумите да направи споредба помеѓу него и Мохамед Салах.

Утре во финалето на Лигата на шампиони силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Ливерпил, а многумина тој меч го нарекуваат како дуел меѓу Салах и Роналдо.

„Луѓето сакаат да ме споредуваат со други фудбалери. Јас сум различен, како и секој друг. Салах е различен од мене, тој игра со лева, а јас со десна нога. Јас сум висок, тој е поситен. Ние сме комплетно различни. Меѓутоа, треба да истакнам дека тој одигра фантастична сезона. Ќе видеме што ќе се случи во финалето“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ласло Киш доби пејсмејкер: Унгарската легенда ослабе 16 килограми

Поранешниот унгарски репрезентативец беше опериран по долгогодишни проблеми со срцевиот ри…