Дома Фудбал Останато Роналдо за голот на годината: Истакна благодарност, но не ги заборави и навивачите на Јувентус

Роналдо за голот на годината: Истакна благодарност, но не ги заборави и навивачите на Јувентус

Погодокот на Кристиано Роналдо против Јувентус во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите минатата сезона е избран за гол на годината во Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо после добиеното признание одлучи да се огласи преку својот Твитер профил, а не пропушти и да ја истакне реакцијата на навивачите.

„Им благодарам на сите кои гласаа за мене. Никогаш нема да го заборавам тој момент, посебно реакцијата на навивачите на стадионот“, напиша Роналдо под видеото од погодокот.

Да потсетиме, Реал Мадрид во тој натпревар славеше победа од 3:0, а Роналдо беше стрелец на два погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…