Дома Топ вести Роналдо е најдобар изведувач на пенали во историјата на шпанската Примера

Роналдо е најдобар изведувач на пенали во историјата на шпанската Примера

Заедно со триумфот на Реал Мадрид на гостувањето кај Виљареал, со резултат од 3:2, во пакет дојде и уште еден, нов рекорд во шпанскиот шампионат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во 57-та минута, со гол од единаесет метри, Кристијано Роналдо стана најефикасниот изведувач на пенали во историјата на Примера со вкупно 57 погодоци. До претходно Португалецот го делеше врвот од оваа листа со Мексиканецот Хуго Санчез, некогашен напаѓач на Реал и Атлетико Мадрид, и Рајо Валекано.

Трет најдобар изведувач на сите времиња од белата точка во Примера е Роналд Куман, бивш играч на Барселона, со 46 голови. Четвртото место го делат Лионел Меси и Љубосав Пенев, некогашен фудбалер на Валенсија, Атлетико Мадрид и Селта, кои ја имаат протресено мрежата со удар од единаесет метри по 43 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио предизвика хаос во Франција со изјавите по поразот од Англија

Франција синоќа беше поразена во натпреварот за трето место на Светското првенство од Англ…