Италијанскиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо тврди дека Милан ги завршил преговорите со Страхиња Павловиќ, стоперот на српската репрезентација и РБ Салцбург и дека останува само официјално да се потврди трансферот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
23-годишниот стопер на Сан Сиро е најголема желба во овој преоден рок, со цел да ја стегне конкуренцијата во последната линија.
Висината на обештетувањето е наводно над 18 милиони евра, според кои ова е трансфер на кариерата на Павловиќ.
Страхиња беше дел од српската репрезентација на неодамна завршеното ЕП. На сите три натпревари на кои играше Србија одигра 90 минути. Вкупно за Србија играше 38 пати и постигна четири гола.