Дома Фудбал Родриго случајно ја откри пораката која сакаше да ја испрати ако постигне гол

Родриго случајно ја откри пораката која сакаше да ја испрати ако постигне гол

Вчера фудбалерите на Реал го совладаа Баерн со 2:1 и така се пласираа во финалето, а во првото полувреме видовме интересна сцена кога напаѓачот на мадридскиот клуб Родриго случајно ја покажа пораката што ја носел напишана под дресот.

Вообичаено, фудбалерите под дресот ги пишуваат важните пораки што сакаат ги испратат кога ќе постигнат гол.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Родриго имаше шанса во првото полувреме, а откако не успеа да ја затресе мрежата на Мануел Нојер, во момент на очај инстинктивно си го покри лицето со дресот.

На овој начин ја откри напишаната порака во која пишуваше „Молете се за РС“

РС е кратенка од бразилската сојузна држава Рио Гранде до Сул, која беше погодена од катастрофални поплави, а Родриго сакаше на овој начин да ги поддржи своите сонародници.

Бројот на жртвите во големите поплави достигна стотина, а службите за итни случаи продолжуваат да трагаат по десетици илјади луѓе кои се водат за исчезнати.

Речиси 400 општини беа погодени од екстремни поплави поради обилните дождови, а повеќе од 160.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…