Дома Останати Кошарка Евробаскет Родригез ново плејмејкерско засилување на ЦСКА Москва

Родригез ново плејмејкерско засилување на ЦСКА Москва

ЦСКА Москва најде вистинска замена за Милош Теодосиќ кој минатата недела се пресели во ЛА Клиперс.

Нов плејмејкер на рускиот првак ќе биде Шпанецот Серхио Родригез, кој ќе потпише тригодишен договор. Ова го објави израелскиот новинар Давид Пик кој ретко греши кога се во прашање трансферите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Шпанецот по една сезона во НБА лигата, во тимот на Филаделфија, реши да се врати во Европа.

Искусниот играч минатат сезона одигра 68 натпревари, во просек имаше учинок од 7,8 поени и 5 аситенции за 22,3 минути на теренот.

Родригес шест години го носеше дресот на Реал Мадрид, со кого во 2015 година ја освои Евролигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…