Дома Фудбал Лига на шампиони Робертсон за дуелот со Меси од епското полуфинале: Се срамам од тој момент

Робертсон за дуелот со Меси од епското полуфинале: Се срамам од тој момент

Ливерпул минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а полуфиналето од оваа сезона против Барселона уште долго ќе се памети.

На почетокот на мај Ливерпул со неверојатен пресврт се избори за второ по ред финале во најелитното европско натпреварувае, а во натпреварот за титулата „црвените“ беа подобри од Тотенхем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во полуфиналето против Барселона, Ливерпул во првиот натпрвеар изгуби со 3:0, но во вториот победи со 4:0 и помина понатаму.

Тој двомеч донесе многу дуели, левиот бек Ендрју Робертсон се потсети на моментот кога го удри Лионел Меси.

„Со срам се сеќавам на тој момент. Не сакам повторно да го гледам, ниту да зборувам за тоа. Тогаш правевме се за да го запреме и да поминеме понатаму. Можеби не изгледаше убаво, но на крајот тоа го направив за да и помогнам на екипата. Но и жалам поради тоа“, изјави Робертсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…