Дома Македонски спорт Ристовски во јануари ќе мора да бара нов клуб

Ристовски во јануари ќе мора да бара нов клуб

Репрезентативецот на Македонија Стефан Ристовски во јануари ќе мора да си пронајде нов клуб затоа што за него вратата во Спортинг Лисабон и дефинитивно е затворена.

Од септември Ристовски е во немилост на тренерот Рубен Аморим кој го испрати да тренира со „Б“ тимот. Беше блиску Ристовски до трансфер во Динамо Москва, но сепак остана во Спортинг. Аморим не го смени мислењето и не му даде шанса.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот весник „Рекорд“ кој важи за близок до Спортинг сега објави дека вратата за Ристовски во Спортинг е дефинитивно затворена и дека нема шанси Аморим да го смени мислењето. Затоа за Ристовски да биде во натпреварувачка форма идното лето кога Македонија ќе игра на Европското првенство најдобро е да пронајде нов клуб во јануари.

Спортинг за Ристовски претходното лето бараше три милиони евра, но кога ситуацијата сега е ваква може да следува и спогодбено раскинување на договорот па македонскиот фудбалер бесплатно да премине во друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…