Дома Фудбал Англија Рио Фердинанд: Јас пијан, а треба да ги чувам Бергкамп и Рајт против Арсенал…

Рио Фердинанд: Јас пијан, а треба да ги чувам Бергкамп и Рајт против Арсенал…

Рио Фердинанд е еден од најдобрите англиски дефанзивци на сите времиња, а сега раскажа дека како тинејџер пијан играл натпревар против Арсенал.

„Кога бев млад, бев целосно луд. Можев да испијам десет големи пива, а потоа да се префрлам на вотка. Тоа еднаш можеше скапо да ме чини. Се сеќавам на еден натпревар на Вест Хем. Бев тинејџер и игравме против Арсенач. Не требаше да играм во тој натпревар и пред натпреварот бев во барот на стадионот каде што испив три виски. Тогаш дојде клупскиот економ и ми каже да облечам дрес додека во едната рака држев виски, а во другата Кока-Кола“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Си помислив во себе. Човече, испив три виски и сега ќе треба да истрчам на „Хајбери“ и да играм против Денис Бергкамп и Јан Рајт!?“.

Фердинанд на крајот влегол во игра од клупата откако Пауоло Фотре излегол од игра. Вест Хем го изгуби тој натпревар со 2:0, но двата гола паднаа пред Фердинанд да влезе во игра.

„Се сеќавам дека имавме корнер. Јас стоев на центарот и го чував Рајт место да одам на скок, тој само стоеше и ме гледаше. Пречесто бев пијан и на некои делови од кариерата слабо се сеќавам, луѓето ми раскажуваат, а јас само ја мрдам главата немајќи поим за што зборуваат“, призна славниот стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…