Дома Фудбал Останато Ривалдо објасни кој е подобро решение за Барса од Нејмар и Лаутаро

Ривалдо објасни кој е подобро решение за Барса од Нејмар и Лаутаро

Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо ја советуваше Барселона да го доведе Нејмар во своите редови.

Во последно време бројни фудбалери се поврзуваат со Барселона, најмногу Лаутаро и Нејмар кој веќе играше на „Камп Ноу“, а Ривалдо нема дилеми кој би бил подобро решение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За потенцијалното засилување на Барселона пишуваше во својата колумна за „Бетфаир“.

„Растат гласините за намерата на Барселона во претстојниот преоден рок да ги доведе Лаутаро или Нејмар. Иако младиот Аргентинец е одличен фудбалер, верувам дека Нејмар подобро решение и посигурна опција бидејќи веќе играше покрај Меси. Во минатото многумина не успеваа да се снајдат со играњето со Меси“, пишува Ривалдо.

Ривалдо кој и самиот играше за Барселона исто така наведува дека неговиот сонародник е еден до ретките фудбалери кои не чувствува притисок на теренот.

„Мартинез можеби за две-три години ќе биде добро засилување“, додаде бразилската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…