Дома Фудбал Рибери спектакуларно претставен во Фиренца (ФОТО+ВИДЕО)

Рибери спектакуларно претставен во Фиренца (ФОТО+ВИДЕО)

Фиорентина ова лето солидно се засили, пристигнаа неколку нови играчи, а помеѓу нив беа Кевин Принс Боатенг и Франк Рибери.

Доаѓањето на долгогодишниот ас на Баерн во Фиренца предизвика вистинска еугорија помеѓу навивачите на „Виолетовите“ кои сега се убедени дека нивната екипа може да се приклучи за местата кои водат во Европа.

Искусниот Французин пристигна без оштета откако му истече договорот со Баерн.

Сепак, сите веруваат дека во неговите нозе има уште магија и би требало да биде големо засилување за Фиорентина.

Вчера Рибери пред повеќе од 15.000 гледачи спектакуларно беше претставен на „Артемио Франки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Араухо го освои Ливерпул: Откупот од 55 милиони евра сè посериозна опција

Уругваецот остави силен впечаток по доаѓањето од Барселона, но Ливерпул не брза со одлукат…